Судија од Флорида упати барање до адвокатите што се појавуваат на судски рочишта користејќи ја апликацијата за видеоповици Зум, порачувајќи им „излезете од кревет и облечете облека“, пренесува „Асошиејтед прес“.

Судијата на окружниот суд Денис Бејли своето барање до адвокатите го оразложил во писмо објавено од адвокатската комора на Вестон.

– Зачудувачки е колку адвокатите се појавуваат несоодветно пред камерите. Еден адвокат се појави без кошула, а една адвокатка од кревет, сè уште под покривка – наведе Бејли во писмото.

Бејли не прави никакви исклучоци ниту за адвокатите што се одмораат на Флорида.

Откако судовите се затворија на 16 март за да се успори пандемијата на коронавирус, судскиот систем на округот Бројард одржа околу 1.200 сослушувања преку апликацијата Зум со околу 14.000 учесници.

Судијата Бејли, дообјаснил дека нема да одржува комплицирани судења преку оваа апликација, со оглед на недостатоците на технологијата.