Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го повика италијанскиот колега Серџо Матарела во официјална посета на Франција во наредните месеци, соопшти Елисејската палата, по тензиите меѓу двете земји.

Повикот е предаден на францускиот амбасадор во Италија, кој денеска беше примен од Матарела.

Францускиот амбасадор Кристијан Масе беше вратен во Париз на 7 февруари за консултации по неколкуте критики од страна на потпретседателите на италијанската Влада, Луиџи Ди Мајо и Матео Салвини, упатени кон Макрон и неговите политики.

Макрон и Матарела неодамна во телефонски разговор го потврдија значењето на билатералните односи и потсетија дека Франција и Италија заедно ја изградиле Европа.

Одлуката за привремено повлекување на Масе дојде еден ден по состанокот на Ди Мајо со претставници на „Жолтите елеци”, што предизвика незадоволство и во самиот движење, чии лидери се дистанцираа и реагираа дека не сакаат помош и поддршка од политичарите.