САД денеска воведоа санкции за десетици поединци и групи ширум Европа и западната хемисфера, вклучително и некои службеници од Ел Салвадор и, како што се вели, „организирана криминална група од северно Косово“.

Според американското Министерство за финансии, целта на денешната акција, со која се одбележува неделата на Самитот за демократија на претседателот Џо Бајден, е борба против корупцијата поврзана со транснационалниот криминал, во чии рамки се идентификувани 16 лица и 24 групи, пренесува „Ројтерс“.

Според американското министерство, на „црната листа“ се најдоа и контроверзниот српски бизнисмен Звонко Веселиновиќ и неговиот брат. Според соопштението, Министерството за финансии ги обвинило дека имаат договори со политичари „за да им помогнат на нивните партии да победат на изборите и да им дадат пари на нивните кандидати“.