Претставничкиот дом на САД во четвртокот усвои резолуција за воени сили со која ќе се ограничат воените активности на претседателот Доналд Трамп против Иран. Сесијата се емитуваше на официјалната веб-страница на Домот.

Вкупно 224 конгресмени гласаа за резолуцијата, а 194 гласаа против. Тројца републиканци го поддржаа документот, додека осум демократи гласаа против него.

Резолуцијата го обврзува Трамп да побара одобрение од американскиот Конгрес пред да преземе понатамошни воени активности против Иран.

Ситуацијата на Блискиот Исток ескалираше на 3 јануари, кога САД спроведоа воздушни напади на подрачјето во близина на аеродромот во Багдад, при што загина командантот на иранскиот корпус, генерал мајор Касим Сулејмани.

Како одговор, Техеран изврши воздушни напади на два објекти во Ирак што ги користеа американските сили – воздушната база Аин ал Асад и аеродромот во Ербил.