Ако во иднина се задржи трендот на високи емисии на стакленички гасови и нееднаков развој, во просек 170 милиони лица во шест региони ќе бидат подложени на внатрешна миграција до 2050 година. Оваа бројка е резултат на опширните сценарија, кои аналитичарите на Светската банка ги обработуваат во ажурираниот извештај на организацијата „Граундсвел“. Како што покажува инфографикот, регионот на супсахарска Африка ќе биде изложен на најголем удар.
Приближно 71 милион лица ќе мора да мигрираат во рамките на африканскиот подрегион поради бавното спречување на климатските промени, кои можат денес да се забележат во најранливите делови од светот. На пример, бурите и поплавите веќе раселија околу 21 милион луѓе во Јужна Азија, Источна Азија и во Пацификот во 2020 година, додека растот на температурите во многу земји од супсахарска Африка, кои зависат од врнежите од дожд за одгледување на земјоделските култури и ерозијата на крајбрежјето во Западна Африка, веќе ја поттикнуваат миграцијата во другите африкански држави.
Секако, овие бројки не се конечни и во голема мера зависат од спроведувањето на политиките како јаглеродната неутралност на глобалниот Север, бидејќи најранливите држави генерално се смета дека се на вистинската патека да го ограничат глобалното затоплување на 1,5 степен Целзиусов, договорено според Парискиот климатски договор. Поразвиените држави како Канада, Кина, Русија или САД се очекува да не го постигнат овој праг со значителна разлика. Оваа разлика беше разгледана на климатскиот самит КОП26, кој е во тек во Глазгов, со тоа што лидерите од посиромашните земји постојано се „екстремно загрижени“ и разочарани од чекорите што ги презема Г20 во борбата со климатските промени.