Кина изминатава деценија постојано го зголемува воениот буџет, кој се очекува годинава да достигне 177,5 милијарди долари. За споредба, претседателот на САД, Доналд Трамп, бара воен буџет од 750 милијарди долари.

Кинеската армија под водство на претседателот Си Џинпинг брзо ги зголеми своите капацитети и се модернизира. Исто така, Си поведе огромна внатрешна реорганизација и ги рационализира командните структури на армијата. Пентагон во јануари предупреди дека брзата модернизација на кинеската армија може да значи дека Пекинг во иднина би бил поподготвен да ризикува војна, додавајќи дека САД најмногу ги загрижува евентуален напад врз Тајван.