Северна Кореја потврди дека лидерот Ким Јонг-ун го надгледувал вчерашното тестирање на различни ракети, објави државната севернокорејска телевизија.

Неколку ракети со краток дострел вчера беа испалени од полуостровот Ходо во Јапонското море. Севернокорејскиот лидер дал наредба за лансирање за, како што се наведува, зголемување на борбената способност на земјата.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера на „Твитер“ напиша дека верува оти Ким нема да ја стави во опасност својата земја и нејзиниот пат кон подобри односи.

Трамп додаде дека севернокорејскиот лидер знае дека тој е со него и дека не би сакал да го уништи ветувањето кое му го дал. Трамп порача дека договорот ќе се случи.