Канаѓанецот Кајл Таун со повеќе волонтери на ЈПГ

Подемот на Исламската држава (ИД) и нејзното брзо проширување на територијата на Сирија привлече голема бројка на странци од различни земји во светот. Но, во оваа земја не дојдоа само религиозни екстремисти, туку и многу луѓе кои имаа намера да се борат против калифатот на ИД, пишува британски „Индепендент“.

Иако бројката на луѓето во споредба со џихадистите кои дојдоа во Сирија, е многу помала, голем број на странци на различни начини се инволвираа во борбата против екстремистите. На боиштата во оваа земја има повеќе Американци, Британци, Канаѓани и луѓе од други националности, кои мотивирани од различни причини, пристигнале да дадат свој придонес во оваа војна.

Дел од странците се поранешни војници, но меѓу нив има и лимари, хуманитарци, студенти, инженери, како и анархисти и левичари. Еден од нив е и Канаѓанецот Кајл Таун од Тандер Беј, Онтарио, Канада, кој сега е член на пешадиската единица на левичарската Курдска милиција за заштита на луѓето (ЈПГ), во која изминатите години се бореа голем број на странски војници.

– Луѓето мислат дека ИД е проблем само на Блискиот Исток, но тоа не е така. Јас дојдов тука за да се учествувам во војната, но вршам и многу други работи цивилни работи освен војување. Главна мотивација за да дојдам тука ми беше учеството во оваа голема револуција – вели Таун, кој планира да остане во Сирија и по тврдењата дека калифатот на ИД е комплетно поразен. Останува отворено прашањето која ќе биде улогата на Таун и нему сличните странци кои ќе продолжат да престојуваат во земјата.

Куртската милиција, на која е член овој Канаѓанец, е главниот сојузник на коалицијата предводена од страна на САД во Сирија, со чија помош преку опрема, оружје и поддршка преку 2 илјади американски трупи се борат подолго време. Иако ЈПГ беа релативно непознати пред војната, движењето се здоби со многу поддржувачи од левичарите од западните заемји порадите воената и идеолошката спротивност на ИД, пишува во сторијата на „Индепендент“.

Додека во ИД жените беа потчинети, а малцинствата убивани, жените-борци од ЈПГ водеа битки на повеќе фронтови против милитантната група, а курдско-арапската алијанска Сириските демократски сили (СДС) успеа да постави автономна административна зона која би била платформа за изградба на демократски систем кога ќе заврши војната.

Но, поркрај тоа што ЈПГ е интересно за поранешните војници како воена структура, грпуата има марксистичка идеологија за децентрализација што привлече многу странци кои бараат да живеат во општество разично од она од кое дошле.

Не сите Сиријци ги сакаат и почитуваат овие луѓе, а опонентите на ЈПГ ги обвинуваат овие волонтери и ги сметаат за колонијалисти, авантуристи и наивци.

Од друга страна, Турција која е важна членка на НАТО-алијансата, ја класифицира ЈПГ како терористичка организација, поради нејзината поврзаност со Работинчката партија на Курдите (РПК), организација која бунтува против турските власти повеќе од 40 години. САД и ЕУ исто така РПК ја сметаат за терористичка организација, но ја разликуваат со ЈПГ и покрај нивната директна и идеолошка поврзаност.

– Турција повеќе пати се закани дека ќе ја мине границата со Сирија за да постави безбедносна зона, која би вклучила влегување во воен конфликт со СДС, а веројатно и со дел од нивните странски војници. Овој нов можен конфликт кој е уште една причини поради која овие луѓе најверојатно остануваат во Сирија – сметаат од британскиот весник.