Командантот на американските сили на Блискиот Исток, генерал Џозеф Вотел денеска изјави дека радикалната група Исламска држава (ИД), која претходно држеше под конторла големи територии во Сирија и Ирак, сега е на раб на пропаст.

Генералот Вотел ја даде таа проценка во писмена изјава до Комисијата за вооружените сили на американскиот Сенат. Тој денеска сведочеше пред Комисијата за состојбата во областа која е под негова одговорност.

Вотел ги пофали напорите на ирачките сили за безбедност и коалицијата на сириските борци кои имаат американска поддршка, групата Сириски демократски сили. Тој ја истакна важноста на нивната борба против џихадистите и додаде дека американските сили ќе се повлечат од Сирија.

Тој рече дека успесите на бојното поле во Ирак и Сирија мора да бидат обезбедени со континуирани американски и меѓународни напори за да се спречи враќањето на условите што овозможиле зајакнување на џихадистите на Исламската држава.

Американскиот претседателот Доналд Трамп се очекува во своето обраќање вечерва пред Конгресот да објави речиси целосен триумф над ИД во Сирија.