Иранскиот министер за разузнавање изјави дека Техеран и Вашингтон би можеле да одржат разговори само ако САД ги укинат санкциите, а Ајатолах Али Каменеи даде одобрување, објави денеска државната новинска агенција ИРНА.

– Одржувањето разговори со Америка може да биде разгледано од страна на Иран амо ако Трамп ги укине санкциите, а нашиот врховен лидер даде дозвола за одржување на вакви разговори. Американците беа исплашени од воената моќ на Иран, тоа е причината поради нивната одлука да ја прекинат одлуката за напад врз Иран“ – изјави Махмуд Алави синоќа.

Трамп минатиот месец рече дека го откажал воениот напад врз Иран, кој требаше да биде одговор на рушењето на беспилотното американски летало над Ормудскиот теснец на 20ти јуни, бидејќи во истиот би загинале 150 луѓе, укажувајќи дека е отворен за преговори со Техеран.

Техеран рече дека беспилотното летало било застрелано од ирански проектили во иранскиот воздушен простор, додека Вашингтон вели дека леталото било во меѓународниот воздушен простор.

Тензите Техеран и Вашингтон се заострија минатата година, кога Трамп се повлече од нуклеарниот договор склучен во 2015 година со Иран и шест светски сили.

Како реакција на санкциите на САД, кои главно се насочени кон главен ирански прилив на приходи, Иран ги намали своите заложби кон договорот. Иран синоќа соопшти дека ќе го зајакне збогатувањето на ураниумот по 7-ми јули до она ниво што ѝ е потребно на земјата, а е надвор од ограничувањата на договорот.

Европската унија побара од Иран да се придржува до условите на договорот, но Техеран соопшти дека нивната посветеност постепено ќе се намалува додека Британија, Франција и Германија не можат да обезбедат финансиска корист од договорот – главниот ирански поттик за потпишување на договорот.