Иран го откажа својот традиционален марш на Денот на студентот – кој ја одбележува годишнината од иранското заземање на Амбасадата на САД во Техеран во 1979 година – првпат по речиси 40 години поради загриженост за коронавирус, објави во лондонски „Иран интернешнел“.

Бројот на пријавени нови случаи на коронавирус во Иран се зголеми во последните неколку недели. Исламската Република го надмина својот еднодневен рекорд и за нови случаи на коронавирус и смртни случаи втор последователен ден на 12 октомври, со над 4.200 нови заразени и 272 жртви.

Ова ги наведе владините власти да објават построги ограничувања за тешко погодената престолнина Техеран. Неодамна повторно беа отворени универзитети и училишта, како и библиотеки, џамии, кина, музеи и салони за убавина, пишуваше тогаш „Хиндустан тајмс“.

Во согласност со новонаметнатото социјално дистанцирање, вршителот на должноста шеф на Иранската студентска организација „Басиџ“, Мојтаба Бастан, објави нова кампања со наслов „Сите заедно велат долу САД“ за студентите за да го одбележат нападот на американската амбасада во 1979 година дома .

Зборувајќи за иранската државна телевизиска станица, Бастан рече дека  родителите и учениците треба да се соберат заедно за да ги згазат и запалат знамињата на САД, Израел и на Франција дома, каде што можат безбедно да си играат со оган без да се грижат дали ќе заразат со смртоносниот вирус “.

Покрај тоа, создадена е и посебна веб-страница на која студентите се охрабруваат да поставуваат видеоснимки од една минута, додавајќи ги нивните имиња на изјавата: „САД мора да излезат од Блискиот Исток. На веб-страницата се наоѓаат и натпревари  „Зошто долу САД?“  и „Порака до американските војници“, во кои студентите можат да внесуваат цртежи, есеи, гласовни записи и видеоклипови.

Иранската студентска организација „Басиџ“ е една од петте ограноци на ИРГЦ (Корпус на исламската револуционерна гарда), која се состои од волонтери за паравоена единица слична на единиците на народната мобилизација во Ирак или ПМУ што Иран ги поткрепува, пишува „Џерусалим пост“.

„Басиџ“ во февруари се закани дека ќе ги уништи гробниците на Естер и Мордекај, еврејска локација, како одмазда за предложениот мировен план на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток. Три месеци подоцна гробниците беа запалени.

Ирански студенти кои ја поддржуваа иранската револуција ја зазедоа Амбасадата на САД во Техеран на 4 ноември 1979 година. Студентите држеа 52 американски државјани и дипломати во заложништво 444 дена до 20 јануари 1981 година. Амбасадата до ден денес е затворена. Новинар на „Фортјун“ го посети Техеран во 2016 година и посочи дека Иран сè уште е отворено непријателски расположен кон САД.

– Потребни се само неколку минути на терен за да сфатиме дека револуцијата е далеку од мртва и дека многу Иранци сè уште длабоко не веруваат во Америка. Во Техеран, на една кула сè уште има 100-метарски мурал на кој се гледа американското знаме со черепи и ракети, а скандирањата „Долу САД“ и „Смрт за Америка“ се основен дел од петочните молитви – напиша авторот.

Иран неодамна претрпе сериозен финансиски пад од упорните американски санкции. Администрацијата на Трамп на 21 септември ги воведе санкциите на ОН за Иран со цел да го одврати неговото ширење на нуклеарното оружје и дополнително воведе нови санкции и контрола на извозот на повеќе од дваесетина ентитети и лица кои ги поддржуваат иранските активности поврзани со нуклеарно, ракетно и конвенционално вооружување.