Новата администрација на Вашингтон не испраќа разумни сигнали до Москва за спречување на ескалација во ракетната сфера, додека реализацијата на воените програми на САД и Велика Британија го стеснуваат просторот за политичко и дипломатско решение на ова прашање, изјави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

– Спроведувањето на ваквите воени програми се забрзува, што очигледно доведува до стеснување на просторот за решавање на политички и дипломатски проблеми по Договорот за ИНФ-Договор за елиминација на ракети со среден и краток дострел и спречување на сериозна ескалација во ракетна сфера – изјави Захарова, пренесува ТАСС.

– Сè се случува во отсуство на кохерентни сигнали на оваа тема од страна на политичкото раководство на новата американска администрација, како и на огромното мнозинство американски сојузници во НАТО кои, како што покажа кризата со Договорот за ИНФ, создадоа консензус по ова прашање кое е од најголема важност за европската безбедност – нагласи таа.