Полицијата на шпанскиот остров Мајорка синоќа застрела маж, вооружен со нож, откако нападна двајца германски туристи во кафуле на плажа.

Според полицијата мажот нападнал и полесно повредил двајца туристи од Германија.

Според локалните медиуми напаѓачот е од Либија.

Полицијата почна истрага за случајот, но според првичните податоци не се работи за тероризам.