Авион на американската авиокомпанија „Јунајтед Ерлајнс“, на лет од Рим до Чикаго, попладнево принудно слетал на аеродромот во Шенон во Ирска, поради закана за поставена бомба, соопшти ирската полиција.

Според полицијата, авионот бил проземјен откако била пронајдена белешка за поставена бомба во леталото.

Претходно, „Јунајтед Ерлајнс“ соопшти дека авионот принудно слетал поради „потенцијален безбедносен проблем“, без да соопшти детали.

– Ќе бидат извршени дополнителни безбедносни проверки на сите патници и багажот и се надеваме дека патниците ќе продолжат за Чикаго колку што е можно побрзо- се наведува во соопштението. 

Во авионот од типот Бонинг 767-300 се наоѓале 207 патници и 11 членови на екипажот, кои веднаш по слетувањето биле евекуирани.

Во тек е проверка на леталото.