Карантинот што ја воведе италијанската влада до 3 април во голем дел од северна Италија со цел да го спречи ширињето на коронавирусот го нарушува секојдневниот живот на околу 16 милиони Италијанци, објавуваат светските медиуми.

Тоа се должи на воведените мерки на претпазливост според кои никој не може да влезе или да ја напушти областа на карантин односно т.н. „црвена зона“, под никакви околности. Лицата кои се нашле надвор од оваа област во моментот кога стапи во сила забраната можат да се вратат во своите домови. Оние кои не се жители на областа, вклучувајќи ги и туристите, можат да ја напуштат областа. Во рамките на карантин зоната, движењето треба да биде ограничено.

Безбедносните сили можат да побараат оправдување од кое било лице што сака да ја напушти областа под карантин, односно лекарско уверение или писмо од работодавачот.

Какви видови казни и ограничувања се воведени?

Нема посебни ограничувања во јавниот сообраќај освен што треба да се почитува правилото на оддалеченост од најмалку еден метар. Музеите, спортските сали, базените, дискотеките и пабовите ќе останат затворени. Баровите и рестораните можат да останат отворени доколку се почитува безбедносното растојание од еден метар, а во спротивно треба да се затворат.

Продавниците се отворени, но треба да го почитуваат истото безбедносно растојание меѓу луѓето. Трговските центри и пазарите треба да бидат затворени за време на викендите, но не и аптеките и продавниците за храна, иако и тие треба да го почитуваат безбедносното растојание. Во случај да не се почитуваат мерките наметнати од владината уредба, припадниците на безбедносните сили можат да го уапсат сторителот, кој може да добие до три месеци затвор или парична казна до 206 евра.

СЗО и Италија 

Италијанскиот премиер Џузепе Конте потпиша одлука со која областите Ломбардија и Венеција, северниот дел на Емилија-Ромања и источниот дел на Плејмонт се ставаат под карантин, во кој ќе се најдат 16 милиони луѓе.

Италија е најтешко погодената земја во Европа од коронавирусот. Бројот на загинати надмина 230, при што надлежните лица објавија дека има 50 смртни случаи во последните 24 часа. Бројот на заразени скокна за над 1.200 на 5.883.

Стотици патници, некои со маски и гумени нараквици, се качија во последниот локален воз кој замина за Падова во 11.30 часот. Можеле да се забележат загрижени студенти со врзани шалови околу главите, делејќи гел за дезинфекција кои седат на куфери во ходниците. Исто така немаше кондуктор за да ги провери билетите. 

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејеус, денес ги поздрави „храбрите“ мерки на Италија во обид да го спречи ширењето на вирусите на корона во земјата, нарекувајќи ги постапките што ги прават  „вистинска жртва“. 

Спортот не застанува

Министерот за спорт на Италија, Винченцо Спадафора, вчера препорача откажување на сите натпревари во Серија А поради ширењето на коронавирусот, но предлогот не беше прифатен. Фудбалските натпревари сепак продолжуваат да се играат.