Британската влада не сака продолжување на преодниот период по Брегзит, јави Би-Би-Си.

Европската унија соопшти дека е подготвена да понуди едногодишно продолжување, ако тоа помогне за склучување договор за трговските односи меѓу ЕУ и Велика Британија откако таа ќе ја напушти Унијата.

Политичката аналитичарка на Би-Би-Си Лора Кинсберг напиша на Твитер дека Владата на Тереза ​​Меј ја отфрлила можноста за продолжување на преодниот период.