Поранешниот британски секретар за надворешни работи, Борис Џонсон, е избран за нов претседател на Конзервативната партија, а според тоа и за нов премиер на Велика Британија.

Џонсон убедливо го победи противкандидатот, актуелниот министер за надворешни работи, Џереми Хант, освојувајќи 92.153 гласови во однос на 46.656 гласови што ги доби Хант.

Членовите на владејачката Конзервативната партија вчера завршија со гласањето на кое се изјаснуваа меѓу Џонсон и сегашниот шеф на дипломатијата Џереми Хант.

Неколку членови на владата на поранешната премиерка Тереза ​​Меј, рекоа дека ќе поднесат оставка пред да ги отпушти Џонсон бидејќи се спротивставиле на неговата намера да ја изведе Велика Британија надвор од Европската Унија, со или без договор.