Претседателот на Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат, Џим Риш, (Р- Ајдахо) и неговиот колега Боб Менендез (Д- Њу Џерси) ја повикаа администрацијата на Вашингтон да почне истрага за наводното труење на рускиот опозиционер Алексеј Навални во писмото испратено до американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува ТАСС.

– Со почит бараме да разгледате дали владата на Руската Федерација користела хемиско или биолошко оружје во кршење на меѓународното право или против нејзин државјанин и поради треба да биде предмет на санкции содржани во статутот – напишаа сенаторите.

Се додава дека труењето на Навални е особено вознемирувачко бидејќи агесот „новичок“ бил користен и во нападот во март 2018 година врз Сергеј Скрипал во Солсбери, Англија.

– Во тој случај, вашата администрација заклучи дека руската влада стои зад нападот и затоа е предмет на санкции. САД мора повторно да стават до знаење дека секое такво однесување не е прифатливо – се вели во заклучокот од писмото.