Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека денеска ќе го претстави мировниот план за Блискиот Исток, кој претходно го најави како многу едноставен и корисен.
За време на вчерашната средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа, Трамп рече дека „на Палестинците би требало да им се допадне планот“ и смета дека тој е добар за нив.
Трамп треба да се сретне и со ривалот на Нетанјаху, лидерот на партијата Сино и бели Бени Ганц.
Белата куќа се надева дека доколку планот добие поддршка и од Нетанјаху и од Ганц, Трамп ќе помогне да се постигне одреден напредок. Планот на Трамп, се вели дека е резултат на тригодишни напори на неговите советници, Џаред Кушнер и Ави Беркович, како и Џејсон Гринблат.
Предлогот е напишан на повеќе од 50 страници и има за цел да го реши најтешкиот проблем на Блискиот Исток.