Организацискиот комитет на Летните олимписки игри (ЛОИ) и на Параолимписките игри (ПОИ) во Токио објави дека точно 204.680 луѓе се пријавиле за да волонтираат за време на Игрите в година во главниот град на Јапонија.

Возраста на апликантите е од тинејџери до луѓе со околу 80 години, од тоа 64 отсто се жени, а 64 отсто од сите се од Јапонија, велат од Интернационалниот олимписки комитет (ИОК).

Секако, на Игрите нема да има 200.000 волонтери, па затоа организаторите, кои пред почетокот на периодот за пријавување се надеваа на околу 80.000 волонтери, од февруари ќе почнат со интервјуата во Јапонија, а од март до јули со разговорите и со пријавените во остатокот од светот. За Игрите во Рио де Жанеиро во 2016 година за волонтирање се пријавиле 242.757 луѓе од 191 земја, за 70.000 места, објави тогаш ИОК.

Волонтерството на ЛОИ првпат се појави за Игрите во 1948 година, а бројките пораснаа од, на пример, 2.191 во Хелсинки за ЛОИ 1952 до 70.000 на претходните две изданија на ЛОИ.