Најмногу минути на теренот добиваат младите фудбалери што играат за Лестер, со вкупно 8.373 минути, покажа истражувањето на Би-би-си, кое ги анализира сите 20 англиски премиерлигаши и нивните фудбалери до 22 години.

Речиси двојно помалку минути добиваат младите во второпласираниот на оваа листа Арсенал (4.467), а потоа следуваат Евертон, Вест хем, Тотенхем (сите до 4.000), Вулверхемптон, Хадерсфилд (до 3.000), Ливерпул, Бурнмаут, Манчестер јунајтед (до 2.000) итн. На крајот на оваа листа се Кардиф со нула минути и Челси со 150.

Според Би-би-си, помалку од 1.000 минути сезонава играле младите во Брајтон, Барнли и во Вотфорд.