Шаховската репрезентација на Узбекистан Фото: Приватна архива

Македонската машка репрезентација го освои 70-то место, а женската репрезентација 62-то, на 44. Шаховска олимпијада (ШО), која заврши попладнево во индискиот град Ченаи. По 11 одиграни кола, шахистите, рангирани на 61-то место пред почетокот меѓу 187 селекции, освоија 12 екипни бода (24,5 поени по табли) со пет екипни победи, две ремија и четири пораза, односно за девет места послаб пласман од почетниот. Шахистките, пак, рангирани на 71-то место меѓу 161 ре­презентација, впишаа 12 екипни бода (22 поени по табли), со шест победи и пет пораза, што беше доволно за девет места подобар пласман од почетниот.

Во 11-то последно коло, шахистите ремизираа 2-2 со Салвадор, рангиран на 88-то место. Победа забележа ИМ Ни­кола Николовски, ремизираа ВМ Звонко Станојоски и ФМ Емил Ристески, а загуби ИМ Тони Лазов. Шахистките пак, убедливо ја совладаа Јапонија, рангирана на 92-та позиција со 3,5-0,5. Цел поен впишаа Ивана Манова, Драгана Николовска и Леа Ефтовска, а ЖФМ Моника Стојковска ремизираше на првата табла.

Младиот состав на Узбекистан за првпат во својата шаховска историја стана олимписки шампион во машка конкуренција (рангиран 14-ти пред ШО), со 19 бода (33 по табли), втора е Ерменија со 19 (28,5), а трета е втората селекција на Индија со 18 бода (32,5). Кај жените, вторпат титулата ѝ припадна на искусната Украина со 18 бода (30,5), втора е Грузија со 18 (29), а трета Индија со 17 (29).

Од македонските шахисти, Станојоски освои 5,5 поени од 10 партии, Ристески 4/9, Лазов и Николовски 6,5/10 и Велјаноски 2,5/5. Кај шахистките, Стојковска имаше резултат 3/9, Манова 5,5/10, Николовска и Ефтовска по 5/9, а Жежовска 3,5/7. На претходната ШО во Батуми, Грузија во 2018 година македонските шахисти го освоија 48-то место, а шахистките 70-то.
Г.И.

САЛВАДОР – МАКЕДОНИЈА 2-2

ИМ Ернесто Гирон (2.288) – ВМ Звонко Станојоски (2.412) реми (30 потези)

ФМ Ернесто Чавез (2.179) – ФМ Емил Ристески (2.405) реми (36)

ИМ Карлос Бургос (2.164) – ИМ Тони Лазов (2.374) 1-0 (52)

ИМ Лемнус Ариас (2.258) – ИМ Никола Николовски (2.366) 0-1 (58)

МАКЕДОНИЈА – ЈАПОНИЈА 3,5-0,5

ЖФМ Моника Стојковска (2.091) – ЖКМ Азуми Сакаи (1.759) реми (37)

Ивана Манова (1.849) – ЖКМ Натсуми Којима (2.195) 1-0 (43)

Драгана Николовска (1.876) – Јуки Мисава (1.587) 1-0 (33)

Леа Ефтовска (1.634) – Рика Митсујама (1.157) 1-0 (59)

ПОЗНАЧАЈНИ РЕЗУЛТАТИ 11. КОЛО (МАЖИ)

Германија – Индија (2) 1-3, Ерменија – Шпанија 2,5-1,5, Узбекистан – Холандија 2,5-1,5, Индија – САД 2-2, Молдавија – Англија 2,5-1,5, Азербејџан – Србија 2,5-1,5, Турција – Полска 1,5-2,5, Украина – Литванија 1-3 итн.

ТАБЕЛА: Узбекистан 19 екипни бода (33 поени по табли), Ерменија 19 (28,5), Индија (2) 18 (32,5), Индија 17 (29), САД 17, (26,5), Молдавија 17 (28,5), Азербејџан 16 (27,5), Унгарија 16 (28,5), Полска 16 (27), Литванија 16 (27) итн.

ПОЗНАЧАЈНИ РЕЗУЛТАТИ 11. КОЛО (ЖЕНИ)

Индија – САД 1-3, Украина – Полска 3-1, Казахстан – Индија (3) 2,5-1,5, Словачка – Индија (2) 2-2, Индонезија – Германија 1,5-2,5, Хрватска – Ерменија 1,5-2,5, Англија – Унгарија 1,5-2,5, Шпанија – Србија 1,5-2,5 итн.

ТАБЕЛА: Украина 18 екипни бода (30,5 по табли), Грузија 18 (29), Индија 17 (29), САД 17 (31,5), Казахстан 17 (28), Полска 16 (30), Азербејџан 16 (29,5), Индија (2) 16 (30) итн.