ЏУДО – БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО ЗА ПОМЛАДИ ПИОНЕРИ

Македонскиот џудист Доријан Петкоски (категорија до 26 кг) го освои златниот медал, а Томи Блажевски (до 42 кг), се закити со бронзен на Балканското првенство за помлади пионери, кои се одржува на Пале (Босна и Херцеговина). Вчера на програмата беше вториот и последен ден од првенството, па можни беа и нови медали за македонските џудисти.

Боите на Македонија, предводена од спортскиот директор на Џудо-федерацијата на Македонија (ЏФМ), Ѓорѓија Стојанов, освен Петковски и Блажевски, ги бранат уште: Немања Џагадуроски (категорија до 34 кг), Амар Бајрамоски (до 38 кг), Хамида Друштинац (до 32 кг), Емилија Паскоска (до 36 кг) и Стефани Мицкоска (до 52 кг). Г.И.