ВЕЛОСИПЕДИЗАМ – ТУР ДЕ ФРАНС

Данецот Мадс Педерсен ја забележа својата втора етапна победа на велосипедската грантур-трка Тур де Франс, а неговиот сонародник и актуелен шампион на оваа трка, Јонас Винегард, ја задржа жолтата маичка за водечкиот во генерален пласман по осмата етапа, која ја обележи падот на Британецот Марк Кавендиш, по кој тој ја заврши годинашната трка. Кевендиш ја почна годинашната трка со 34 етапни победи, делејќи го рекордот со белгиската легенда Еди Меркс, а на претходните две етапи Кавендиш двапати беше втор.

Вчера се возеше деветтата етапа (182,4 километри), а денеска е првиот слободен ден. Генерален пласман по осум етапи: Јонас Винегард (Данска), Тадеј Погачар (Словенија, плус 25 секунди), Џаи Хиндли (Австралија, плус 1:34 минути), Карлос Родригез Кано (Шпанија, плус 3:30 мин.), Адам Јејтс (Велика Британија, плус 3:40 мин.).