Златен медал освоија Киро Здравески, Марин Билјановски и Марјан Димески, а сребро освои Никола Божиновски

ЏУДО – БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО ЗА ВЕТЕРАНИ

На Балканското првенство (БП) во џудо за ветерани, кое се одржа викендов во Аминдео (Грција), во организација на Џудо-федерација на Грција, репрезентативците што ја претставуваа Македонија постигнаа огромен успех освојувајќи три први и едно второ место. Златен медал освоија Киро Здравески во тежинската категорија до 66 кг/М9, Марин Билјановски (до 90 кг/М1) и Марјан Димески (до 90 кг./М7), а сребро освои Никола Божиновски (до 73 кг/М3).
Македонската репрезентацијата ја предводеше селекторот Киро Здравески, кој своевремено беше и највозрасен натпреварувач (74 години) на оваа Балканијадата. Со ова Македонија доби три нови балкански прваци и едно вицешампионско место за 2024 година, и тоа во највозрасната ветеранска конкуренција, што е успех само по себе.
Со овој пласман, највозрасните македонски џудисти покажаа и докажаа дека во џудо-спортот нема возрасни граници и истите тие треба да бидат пример за помладите генерации џудисти, кои допрва треба да се докажуваат на татамите, информираат од Џудо-федерација на Македонија. Г.И.