АЛПСКО СКИЈАЊЕ – СВЕТСКИ КУП

Mикаела Шифрин се доближи до соборување на рекордот на скијачките за број на победи во Светскиот куп, со својата 78. победа во кариерата, остварена во велеслаломот во Семеринг (Австрија), пишува „Би-би-си“.
Американката победи пред Петра Влхова од Словачка на второто место и сега заостанува само четири победи зад рекорд за жени, поставен од нејзината сонародничка Линдзи Вон. Следуваат уште две трки во Семеринг неделава. Шифрин има осум победи помалку во Светскиот куп зад вкупниот рекорд поставен од Швеѓанецот Ингемар Стенмарк.
Шифрин сезонава победи во три различни дисциплини, па пред триумфот во велеслалом, таа забележа две во слалом, во Леви, и една во супервелеслалом, во Сент Мориц.
Шифрин е актуелна победничка во генерален пласман во Светскиот куп, вкупно е четирикратна освојувачка на „кристалниот глобус“ за најдобра скијачка на сезоната во Светскиот куп, а води и сезонава со 205 поени предност пред Софија Гоџа.


НАЈМНОГУ ПОБЕДИ ВО СВЕТСКИОТ КУП

Ингемар Стенмарк (Шведска) 86
Линдзи Вон (САД) 82
Микаела Шифрин (САД) 78
Марсел Хиршер (Австрија) 67
Анемари Мозер-Прел (Австрија) 62