СОЦИЈАЛНАТА КОМИСИЈА НА ФИДЕ ОРГАНИЗИРА ОНЛАЈН ПАНЕЛ-ДИСКУСИЈА
- Социјалната комисија на ФИДЕ го прославува Меѓународниот ден на шахот со интерактивна дискусија за да го претстави шахот како алатка за рехабилитација, заштита и за развој. Панелот е дизајниран за да се фокусира не на апстрактни теории, туку на влијанието во реалниот свет и овој панел не зборува за шах, зборува за тоа што овозможува шахот, пишува ФИДЕ
Во чест на Меѓународниот ден на шахот, 20 јули, денеска (12 часот), Социјалната комисија на Светската шаховска федерација (ФИДЕ) ќе биде домаќин на интерактивна онлајн панел-дискусија насловена „Шахот како општествена вредност“, која ќе се одвива интерактивно, со прашања од публиката. Настанот ќе ги собере водечките експерти, креаторите на политики и практичари за да покажат како шахот ја надминува играта за да создаде опипливи општествени промени низ целиот свет.
На панелот ќе учествуваат истакнати говорници од различно потекло, вклучувајќи поранешни владини министри, креатори на програми, едукатори за шах во затвор и истражувачи. На панелот, меѓу другите, ќе учествуваат: Дана Реизниеце (заменик-претседателка на Управниот одбор на ФИДЕ, поранешна министерка за финансии и економија на Летонија, за да дискутира за шахот како инструмент за политика), Михаил Коренман (водач на проектот „Шах за слобода“, САД, за да го сподели пристапот кон водење проект од нула до структура), Лазма Кокоревица (затворска администрација, Летонија, за да ја истакне моќта на шахот за рехабилитација и достоинство во притвор), Анастасија Сорокина (водач на проектот на ФИДЕ „Шах за заштита“, Австралија, зборува за шахот како алатка за вклучување и заштита на бегалците) и други.
Панелот е дизајниран за да се фокусира не на апстрактни теории, туку на влијанието во реалниот свет, пишува ФИДЕ. Овој панел не зборува за шах, зборува за тоа што овозможува шахот во затворите, училиштата, заедниците, министерствата и во истражувачките лаборатории. Дискусијата ќе биде структурирана околу водечки прашања, секое дизајнирано за да извлече конкретни примери од директното искуство на панелистите.
Панелот се темели на посветеноста на ФИДЕ, објавена во 2025 година како „Година на социјалниот шах“, да го искористи шахот за општествено добро. Неодамнешните иницијативи презентирани на конференцијата „Социјален шах“ во Будимпешта ја истакнуваат трансформативната моќ на играта во различни услови, во бегалскиот камп Какума во Кенија, иницијативата „Шах за заштита“ достигна над 2.500 луѓе во партнерство со УНХЦР, обезбедувајќи образовни и социјални алатки во предизвикувачки услови, проектот „Шах за слобода“, активен во затворот во округот Кук и 60 други земји, покажа значителни подобрувања во однесувањето кај затворениците што учествуваат во тренирањето шах, иницијативите за „Шах за стари лица“ и закрепнувањето го истражуваат терапевтскиот потенцијал на играта за когнитивно здравје, закрепнување од зависност и поддршка за пациенти што имаат рак, пишува ФИДЕ.
– Шахот е повеќе од спорт, тој е моќна социјална и образовна алатка. Затоа ФИДЕ ја презема одговорноста не само да ги промовира шаховските натпревари туку и да ја направи играта подостапна за сите насекаде – рече претседателот на ФИДЕ, Аркадиј Дворкович. Г.И.
































