СП 2023 ВО АЛПСКО СКИЈАЊЕ

Италијанката Федерика Брињоне го освои првото злато во кариерата на светските првенства (СП) во алпско скијање, откако победи во алпска комбинација (по една трка супервелеслалом и во слалом), на Мундијалот во Куршевел и во Мерибел во Франција. Американката Микаела Шифрин, шесткратна светска шампионка, не ја одбрани светската титула во комбинација откако не го заврши слаломот, на три капии пред целта. Светската шампионка во алпска комбинација од 2017 и од 2019 година, Венди Холденер, го освои среброто, а Австријката Рикарда Хазер го освои бронзениот медал. Вчера на СП 2023 на програмата беше алпската комбинација за мажи, денеска треба да настапат скијачките во супервелеслалом, утре е таа дисциплина за скијачи…