Фото: Федерација на коњички спортови на Македонија

Според план-календарот на Федерацијата за коњички спорт на Македонија за натпревари за 2023 година, денеска на теренот на скопскиот коњички клуб Анималс, во населбата Дрма (Идризово), се одржа второто коло на Отвореното првенство на Македонија во дресурно јавање.

На програмата беа три натпревари, во категориите ЛМ, М и А, со избор на слободна програма и музика во времетраење од 3-4 минути.

Во Категоријата ЛМ првото место го освои Сандра Маслинко со грлото „Еландо“ од коњичкиот клуб Анималс, додека второто и припадна на Леонида Гроздановска со грлото „Џилдан“ од клубот Анималс.

Во Категорија М, победи Лиа Кајев со грлото „Аполо“ од клубот Анималс, втора беше Калина Колевска со грлото „Прешес“ од клубот Анималс, а трета се пласираше Матеа Димовска со грлото „Ајвора“ исто така од клубот Анималс.

И во категоријата А, најуспешна беше Ева Крстовска со грлото „Доктор Ди“ од клубот Анималс.
Г.И.