Федерацијата на коњички спортови на Македонија, а во организација на коњичкиот клуб за коњички спорт Илинден од Скопје, утре со почеток од 9 часот, на теренот на клубот на Хиподром во Маџари, ќе го одржи четвртото коло од отвореното Првенство на Македонија во прескокнување пречки. На програмата се пет натпревари во класите А, Б, Ц, Д и Е со височина на пречките од 0,70 до 1,30 метри и ширина од 1.40 метри.
В недела пак, на истиот терен во Маџари, ќе се одржи 1-то коло од Купот на Македонија во прескокнување пречки. Според распоредот предвидени се пет натпревари, во класите А, Б, Ц, Д и Е, со височина на пречките од 0,60 до 1,30 м. И двата августовска турнира се од јавен интерес за спортот во Македонија.
Г.И.