ВЕЛОСИПЕДИЗАМ, ЏИРО Д`ИТАЛИЈА

Италијанскиот дебитант Џонатан Милан е победник на втората етапа на 106-то издание на велосипедската грантур-трка Џиро д`Италија, откако беше најбрз во спринтерскиот финиш од Терамо во Сан Салво (202 км) во регионот Абруцо, Јужна Италија, (пет часа, 55 минути, 11 секунди).
– Моите совозачи ме позиционираа до совршенство. Ова е моја прва победа на Џиро и навистина немам зборови. Вчера одработив убав хронометар, бев многу среќен, но никогаш не можев да замислам дека денеска ќе следува победа – изјави по трката Милан, пренесе Би-би-си.
Милан (22), 194 сантиметри високиот италијански велосипедист на тимот Бахреин-Викториус, успеа да ги победи Холанѓанецот Давид Декер и Австралиецот Кејден Гроувс, откако на 3,7 км пред финишот главните фаворити, вклучувајќи го и Британецот Марк Кевендиш, имаа голем судир.
Во генералниот пласман, лидер и понатаму останува Белгиецот Ремко Евенепел, победникот на првата етапа, со вкупно време од пет часа, 16 минути и 29 секунди. Третата етапа (216 км) од тринеделната трка се возеше вчера од Васто до Мелфи. Г.И.