ФОРМУЛА 1 – ТРКА ВО АВСТРИЈА

Французинот Шарл Леклерк трипати го помина ривалот за титулата Макс Ферстапен и забележа вредна победа на трката за големата награда (ГН) на Австрија. На претходните четири од пет трки, Леклерк ги загуби победничките позиции, не по своја вина. Петтата од тие трки тој ја почна од задниот ред, поради проблемите со моторот. Но во Австрија сѐ тргна на добро за него, по што епилогот беше една од најубедливите победи сезонава.
– Дефинитивно ми беше потребно вакво нешто. И по минатите пет трки имав насмевка на лицето и продолжив да бидам оптимист. Но од една тешка до друга напорна трка, чувствував како сѐ да е против мене – изјави Леклерк.
Со оваа победа, трета годинава, прва по Мелбурн во април, Леклерк ја намали предноста зад Ферстапен, кој беше втор во Австрија, на 38 поени, со што ги оживеа надежите за освојување на титулата. Третото место го освои Луис Хамилтон, третпат по ред.
Во генералниот поредок води Ферстапен со 208, а потоа се Леклерк со 180, Серхио Перез со 151 поен итн. Кај конструкторите води Ред бул со 359, пред Ферари со 303 и Мерцедес со 237 поени.
Следната трка е во Франција на 24 јули. Л.Д.