ФОРМУЛА 1
Пилотот во натпреварувањето во Формула еден (Ф1), Британецот Луис Хамилтон оптимистички гледа во ова натпреварување, потенцирајќи дека не помислува да оди во пензија сѐ додека не ја освои осмата титула, со што ќе стане и рекордер по бројот на освоени титули. Хамилтон, кој вози за Мерцедес, може да се пофали со седум титули светски првак, исто колу што има и Германецот Михаел Шумахер.
– Не сум уморен од спортот или да ми е здодевно, но имам една цел, а тоа е да освојам уште една светска титула, па во пензија. Сакам одмор, тоа повеќе ми годи отколку да работам – самоуверено изјави Хамилтон.
Хамилтон во првата трка од новата натпреварувачка сезона во Ф1 за Големата награда на Бахреин освои 10 поени, откако низ целта мина како петти. Следната трка од годинашнава натпреварувачка сезона е на 19 март во Саудиска Арабија. Г.И.