Фото: Инстаграм/Новак Ѓоковиќ

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ испрати моќна порака од тениски терен во Австралија откако излезе од хотелот во Мелбурн каде што беше сместен во изминатите неколку дена.

– Благодарен сум што судијата донесе пресуда да ми ја врати визата за престој во Австралија. И покрај се што се случи минатата недела, сакам да останам и да се натпреварувам на Австралија опен. Останувам фокусиран на тенисот. Овде патував за да учествувам на еден од најважните турнири во историјата и дефинитивно мојот најуспешен. Во моментов можам да напишам толку многу и секако огромно благодарам до сите ширум светот кои ми дадоа поддршка и сила и ме охрабрија да останам силен – напиша Ѓоковиќ.