Мислам дека првата беше најемотивна, бидејќи тогаш се исполнуваат твоите соништа во Ф1, но оваа дефинитивно беше мојата најдобра година. Не мора да мислам дека ќе станам побрз возач, но имам многу повеќе искуство во болидот. Растеш како возач, растеш како личност во животот и мислам дека сите овие работи што ги знам, кога ги споредив со мојата прва сезона во Ф1, ми помагаа многу во однос на справувањето со секаков вид притисок. На крајот, се работи за обидот да се испорача на секој викенд, што мислам дека е многу тешко во Ф1, рече Ферстапен
ХОЛАНДСКИОТ ВОЗАЧ ТРЕТПАТ ПО РЕД Е СВЕТСКИ ПРВАК ВО ФОРМУЛА 1
Макс Ферстапен, кој третпат стана светски шампион во Формула 1 (Ф1), откако ја освои титулата за возачи за 2023 година на спринт-трката во Катар во саботата, вели дека годинашниот триумф е негов најдобар во споредба со претходните првенства во 2021 и во 2022 година, пишува „Скај спорт“. Со второто место на спринтот Ферстапен ја обезбеди третата последователна титула, и тој сега е само 11-ти возач што освоил барем три шампионски титули. Холандскиот возач победи во 28 од 38-те трки (74 проценти) од почетокот на 2022 година (синоќа се возеше гранпри-трката во Катар).
– Оваа е најдобрата. Мислам дека првата беше најемотивна, бидејќи тогаш се исполнуваат твоите соништа во Ф1. Но оваа дефинитивно беше мојата најдобра година – рече Ферстапен.
Иако неговиот тимски колега Серхио Перез ги подели победите со Ферстапен во воведните четири трки, светскиот шампион последователно направи неверојатна серија од 10 последователни победи за брзо да го направи прашањето за неговото крунисување за 2023 година кога, а не дали.
– Тоа е нешто за што никогаш не сонував. Тоа е, се разбира, многу горд момент за мене, за моето семејство, за сите во тимот со кој работам. Да се доживее сето ова заедно е неверојатно. Секако дека зборуваме за перформансите и секогаш можете да му се заблагодарите на тимот за тоа. Исто така, целата атмосфера и колку уживам да работам со сите овие луѓе, сметам дека тоа веројатно е уште поважно. Многу е важно да дојдете на патеката и да знаете дека имате добри луѓе со кои можете да работите – рече тој.
Ферстапен е веќе петти на вечната листа со победници на трки и е на само две победи до 50-от триумф во Ф1. Ален Прост е пред него на листата со 51 победа, а првите тројца се Луис Хамилтон со 103, Михаел Шумахер со 91 и Себастијан Фетел со 53.
– Сѐ што направи годинава беше едноставно феноменално. Тој е најконкурентниот возач што некогаш сум го сретнал. Тој е меѓу најдобрите. Сезонава надмина сѐ што сме виделе. Направивме многу победи со Себастијан (Фетел), но ова го однесе на друго ниво и тој уште има само 26 години. Мислам дека тој ќе биде уште подобар – вели директорот на тимот Кристијан Хорнер, пренесе „Скај спорт“.
Возачот на Ред бул верува дека може да работи на неговото сегашно ниво „уште неколку години“ и уште е гладен да освои повеќе.
– Постојано се обидувам да се подобрувам. Не мора да мислам дека ќе станам побрз возач, но имам многу повеќе искуство во болидот. Растеш како возач, растеш како личност во животот и мислам дека сите овие работи што ги знам, кога ги споредив со мојата прва сезона во Ф1, ми помагаа многу во однос на справувањето со секаков вид притисок. На крајот, се работи за обидот да се испорача на секоја трка, што мислам дека е многу тешко во Ф1 – рече Ферстапен. Н.М.
НАЈМНОГУ ТИТУЛИ ВО Ф1
ВОЗАЧ ТИТУЛИ ГОДИНИ
Михаел Шумахер 7 1994, 1995, 2000-2004
Луис Хамилтон 7 2008, 2014, 2015, 2017-2020
Хуан Мануел Фанџо 5 1951, 1954, 1955, 1956, 1957
Ален Прост 4 1985, 1986, 1989, 1993
Себастијан Фетел 4 2010, 2011, 2012, 2013
Џек Брабам 3 1959, 1960, 1966
Џеки Стјуарт 3 1969, 1971, 1973
Ники Лауда 3 1975, 1977, 1984
Нелсон Пике 3 1981, 1983, 1987
Аиртон Сена 3 1988, 1990, 1991
Макс Ферстапен 3 2021, 2022, 2023