Фото: Емил Јовановиќ

ШАХ – РАНГ-ЛИСТА НА ФИДЕ

Поранешниот светски првак Магнус Карлсен останува број еден во светот и на октомвриската ранг-листа, со 2.839 рејтинг-поени. Веднаш зад него се Фабиано Каруна (2.786), актуелниот светски првак Динг Лирен (2.780), Хикару Накамура (2.780) и Алиреза Фирузја (2.777). Додека повеќето од најдобрите велемајстори на врвот на рејтинг-листата беа неактивни или малку активни на еден од многуте онлајн турнири, некои играчи од проширениот светски врв играа за своите тимови во различни национални првенства и лиги, што се рефлектираше и на октомвриската листа. Од позначајните, за обележување е младиот ВМ Рамешбабу Прагнананда (2.738), кој додаде уште 11 поени и скокна од 19-то на 16-то место. Кај шахистките нема промени на врвот, води Јифан Хоу (2.628), пред светската првенка Венјун Ју (2.560), а трета е Александра Горјачкина (2.558). Кај македонските шахисти и понатаму прв е ВМ Кирил Георгиев (2.536, минус 6), а потоа се ВМ Трајко Недев (2.474, плус 9), ИМ Филип Панчевски (2.455, плус 3)…, а кај шахистките и понатаму води ЖФМ Весна Секуловска (2.067, плус 2), пред ЖФМ Моника Стојковска (2.047, плус 13), ЖИМ Габриела Коскоска (1.989, плус 21)… Македонија мажи на листата е на 57-то место. (2.431), а Македонија жени е на 58-то (1.900). Во светот водат шахистите на САД (2.728) и шахистките на Кина (2.481) меѓу 200 шаховски федерации. Г.И.