Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска му го додели признанието на најуспешниот спортист за 2018 година – пливачот Евгениј Поп Ацев, пренесува МИА. На свеченоста што се одржа во салата на Советот на Град Скопје беа прогласени најуспешните, избрани во следните категории: најуспешни 10 спортисти во сениорска категорија (мажи и жени), најуспешни пет спортисти во младинска категорија (мажи и жени), најуспешен тренер, најуспешна спортска екипа од Скопје, најуспешен спортист/ка – странец кој настапува во екипа од Скопје и најуспешен спортист/ка во категоријата на лица со посебни потреби.

На настанот се обрати градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, кој покрај тоа што му го врачи признанието на пливачот Поп Ацев, им ги честиташе годинашните успеси на спортистите, а на сите тренери и спортски работници им се заблагодари за ангажманот со цел постигнување извонредни резултати на европски и на светски натпревари. На свеченоста присуствуваше и директорот на Агенција на млади и спорт, Дарко Каевски.

Наградени по категории:

Десет најуспешни спортисти во сениорска категорија (мажи и жени):
1. Евгениј Поп Ацев – Академски Пливачки клуб Студент
2. Бобан Илиоски – Кикбокс клуб Шампион
3. Дејан Недев – Карате клуб Работнички
4. Стојанче Стоилов – АД Ракометен клуб Вардар
5. Дејан Георгиевски – Таеквондо клуб Бутел
6. Ненад Келебиќ – Карате клуб Цветан Димов
7. Дарио Ивановски – Здружение Атлетски клуб Работнички
8. Фати Вејсели – Здружение Боречки клуб Лирија 2010
9. Адријана Поп Арсова – Маратон клуб Делта
10. Дрита Ислами – Атлетски клуб Работнички

Најуспешни пет спортисти во младинска категорија (мажи и жени):
1. Фахик Весели – Шотокан Карате клуб Олимпик
2. Анамарија Георгиевска – Таеквондо клуб Бутел
3. Хамза Јашари – Здружение на граѓани Џудо клуб Миоки
4. Викторија Варадинова – Кикбокс клуб Шампион
5. Абдурахим Идризи – Карате клуб Макпетрол

Категорија најталентиран млад спортист – кадет:
1. Бесир Алили – Здружение Боречки Клуб ЛИРИЈА 2010

Најуспешен тренер:
1. Бошко Заборски – Карате клуб Макпетрол

Најуспешна спортска екипа од Скопје:
1. АД Женски Ракометен клуб Вардар

Најуспешен спортист – странец кој настапува во екипа од Скопје:
1. Иван Чупиќ – АД Ракометен клуб Вардар

Најуспешен спортист во категоријата на лица со посебни потреби:
1. Стоилко Стоицев – Здружение Планинарски клуб Македон