Фото: РФМ

Македонската женска ракометна репрезентација вечерва загуби минимално против Б селекцијата на Норвешка со 26-27, во првиот од двата пријателски натпревари закажани во Скопје. Дуелот се одигра зад затворени врати во СЦ „Борис Трајковски“.

Македонските ракометарки вечерва заминаа на полувреме со предност од 17-14, но вториот дел донесе резултатски пресврт и триумф  на Норвежанките.

Најефикасна во македонските редови беше Леонида Гичевска со шест погодоци.

Вториот меч што ќе биде одигран в сабота со почеток од 16 часот ќе биде отворен за публиката.