Ќе има осум групи со по четири репрезентации, а на ЕП ќе се пласираат двете првопласирани селекции во секоја група и четирите најдобри меѓу третопласираните репрезентации

Машката ракометна репрезентација на Македонија ќе биде во вториот барабан за ждрепката (31 март) за Европското првенство (ЕП) во Германија во 2024 година, на кое ќе настапат 24 селекции. Четири репрезентации веќе обезбедија пласман, домаќинот Германија и носителите на медали од ЕП 2022, Шведска, Шпанија и Данска.
Сите учесници во квалификациите ќе бидат сместени во осум групи со по четири репрезентации, од кои двете првопласирани селекции во секоја група ќе се пласираат на ЕП, заедно со четирите најдобри третопласирани репрезентации. Најдобрите третопласирани селекции ќе бидат одредени по одигрувањето на сите мечеви во квалификациите, а ќе се сметаат само дуелите со двете првопласирани селекции во групата.
Според распоредот по две кола треба да се играат од 12 до 16 октомври, потоа од 8 до 12 март 2023 година и од 26 до 30 април 2023 година.


СОСТАВ НА БАРАБАНИ

1: Норвешка, Франција, Хрватска, Словенија, Унгарија, Португалија, Исланд, Австрија
2: Македонија, Чешка, Полска, Холандија, Црна Гора, Србија, Швајцарија, Украина
3: БиХ, Литванија, Летонија, Израел, Словачка, Турција, Романија, Грција
4: Косово, Белгија, Естонија, Фарски Острови, Финска, Италија, Грузија, Луксембург