Натпреварите беа како подготовка за продолжување на квалификациите за пласман на ЕП 2024, во кои македонската репрезентација забележа две победи на две средби
РАКОМЕТ – ПРИЈАТЕЛСКИ ДУЕЛИ ВО НЕДЕЛАТА НА ЕХФ
Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија беше убедлива и во вториот пријателски натпревар одигран вчера во салата „Автокоманда“ во Скопје против соодветната селекција на Велика Британија, славејќи со 34-19. Првиот пријателски дуел со Велика Британија, кој се одигра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, пред неколку дена Македонија го доби 36-17.
На овие два меча, кои се одиграа во рамките на неделата на Европската ракометна федерација (ЕХФ), беа повикани ракометарки само од домашното првенство.
Натпреварите беа реализирани како подготовка за продолжување на квалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП), кое ќе се игра во 2024 година. Македонската репрезентација има одличен почеток во овие квалификации, забележувајќи две победи на две средби и е блиску до пласман на ново европско првенство. Г.И.