РАКОМЕТ
Машката репрезентација на Македонија со победа го почна 14. Европско првенство (ЕП) за ракометари до 20 години, во Словенија. Во првото коло избраниците на селекторот Раде Стојановиќ славеа на дуелот со Црна Гора со 31-21. Црвено-жолтите уште по првото полувреме се стекнаа со огромна предност, 12-5, која ја имаа трипати. Во вториот дел, во финишот, разликата трипати достигна до 10 гола (29-19, 30-20, 31-21). Најмногу голови кај Македонците постигна десниот бек Димитар Узунчев, осум, а кај Црногорците, Андреј Добрковиќ, шест. Во вториот меч од оваа група А, вчера попладне играа Хрватска и Австрија. Следен противник на Македонија е Хрватска, денеска (од 12 часот), а утре е дуелот со Австрија (14.20 ч.), по што првопласираните репрезентации од шесте групи, како и најдобрите две второпласирани, одат во главната групна фаза. Г.И.