Ракометната репрезентација на Македонија славеше со 31-28 на пријателскиот натпревар против Израел, претпоследен што нашите ракометари ќе го играат пред почетокот на ЕП 2022.
Селекторот Кирил Лазаров воопшто не влезе во игра на овој меч. Ненад Костески со пет гола е прв стрелец, а Филип Кузмановски и Цветан Кузманоски запишаа по 4 гола. Никола Митревски имаше седум одбрани, а Мартин Томовски четири.
Израел поведе со 4-1, првото водство Македонија го запиша во 14 минута со двата гола на Стојанче Стоилов и Кузманоски, по одбрана на Митревски. Две минути подоцна влезе Кузмановски внесе свежина, Македонија поведе со највисоки 10-8, но застана во нападот, одбраната исто така не функционираше најдобро, па противникот дојде до предност од 11-10. Со истата негатива македонските ракометари заминаа на полувреме (14-15).
Мкедонските ракометари до крајот без проблем го приведоа мечот за трета победа во подготовките.
Македонија и Израел утре ќе одиграат уште една пријателска средба, која ќе биде последна контрола пред ЕП 2022.