Фото: РФМ

Македонската репрезентација вечерва игра во Скопје со Фарските Острови (од 19 часот) за деветти пласман на светските првенства, а по првата средба гостите имаат предност со 34-27

РАКОМЕТ

Македонската репрезентација утре (од 19 часот, СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје) го игра решавачкиот натпревар со селекцијата на Фарските Острови за пласман на ракометното Светско првенство што в година треба да се игра во Хрватска, Данска и во Норвешка. По првата средба, одиграна во средата, Фарските Острови имаат предност од седум гола, по победата на свој терен со 34-27. Македонија игра за пласман на деветтото светско првенство, седмо во низа од 2013 година.
Четири гостински репрезентации забележаа победи во 11-те бараж-дуели за пласман на Мундијалот в година. Така, предност пред реваншот утре на свој терен обезбедија Унгарија (победи на гости кај Литванија со 33-26), Швајцарија (славеше со 27-26 на теренот на Словенија), Словачка (победи со 29-28 во Полска) и Австрија (27-25 на гости кај Грузија).
На СП 2025 ќе играат 32 репрезентации, повеќе од половина од Европа, вкупно 17 селекции. Досега од Европа директно се пласираа Хрватска, Данска и Норвешка, како домаќини на Светското првенство, како и Франција, Германија и Шведска според пласманот на годинашното Европско првенство, а преостанатите 11 учесници од Европа ќе бидат одредени со бараж-натпреварите.
Од другите континенти досега пласман на 29-то Светско првенство во ракомет обезбедија репрезентациите на Јапонија, Катар, Кувајт, Бахреин, Зелено’ртска Република, Алжир, Египет, Тунис, Гвинеја, Бразил, Аргентина, Чиле и на САД. Н.М.


КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2025, РЕВАНШИ

ДЕНЕСКА
Естонија – Исланд 17 ч. (25-50)

УТРЕ
Австрија – Грузија 16 ч. (27-25)
Швајцарија – Словенија 16 ч. (27-26)
Холандија – Грција 16 ч. (27-31)
Чешка – Романија 16.30 ч. (30-31)
Србија – Шпанија 17 ч. (28-32)
БиХ – Португалија 17 ч. (19-29)
Унгарија – Литванија 17.15 ч. (33-26)
Црна Гора – Италија 17.30 ч. (26-32)
Словачка – Полска 17.30 ч. (29-28)
Македонија – Фарски О. 19 ч. (27-34)
во заградите се резултатите од првите средби