Фото: РФМ

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, ги искажаа првичните свои импресии по нерешените 29:29 попладнево со Австрија.

– Можеме да бидеме и задоволни и незадоволни од ремито со Австрија, затоа што постигнавме гол во самиот финиш, но промашивме пенал за водство на две минути пред крајот. Тоа е спортот, тоа е ракометот. Горд сум на момците, одиграа добар ракомет против силна Австрија која знае што сака во секој напад. Задоволен сум, во репрезентацијата владее добра атмосфера. Ќе се обидеме против Катар да одиграме на ниво и покрај проблемите со повредени и болни во нашиот состав – рече Лазаров.