Фото: РФМ

Ракометната репрезентација на Македонија беше поразена со 32-25 (18-14) од Франција на последниот меч од главната фаза на Светското првенство што се игра во Хрватска, Данска и Норвешка.

Со овој натпревар Македонија ја заврши главната фаза на четвртото место и ќе се пласира од 13. до 16. позиција на шампионатот.

Филип Кузмановски со осум голови беше најпрецизен во македонскиот состав, додека Марко Митев реализира четири голови. Дика Мем со осум гола беше најпрецизен кај „триколорите“.

Македонија го заврши Мундијалот со по две победи, нерешени средби и порази.