Фото: РФМ

Македонските ракометни репрезентативци го одржаа и последниот тренинг пред утрешниот дуел со Швајцарија, кој ќе биде последен меч за Македонија на ЕП во Германија.

Ракометарите свесни се дека можат да одиграат на повисоко ниво отколку на првите две средби со Франција и Германија, па затоа ветуваат дека токму против Швајцарија ќе се покажат во вистинско светло, како најава за подобри денови на македонскиот сениорски ракомет.

Фото: РФМ
Фото: РФМ
Фото: РФМ
Фото: РФМ
Фото: РФМ

-Ни остана уште еден натпревар од групната фаза, со Швајцарија. Имаме еден ден да се подготвиме за утрешниот дуел и да го заборавиме тоа што помина претходните денови. Мораме максимално да се сконцентираме со Швајцарија затоа што тие се една сериозна репрезентација, која тоа го покажа во дуелот со Франција одигрувајќи реми. Моторот на играта им е Енди Шмид но нетреба да се запостават и останатите играчи од кои најголем дел настапуваат во Бундеслигата – истакна десното крило Ненад Костески пред последниот тренинг на репрезентацијата.

Првопласираните две селекции од групата продолжуваат во следната фаза од шампионатот, а тоа се Франција и Германија, додека Македонија и Швајцарија утре во мечот од 18 часот ќе водат битка за третото место.

Со утрешниот дуел против Швајцарија завршува учеството на Македонија на ЕП 2024, но мечот не е без значење, ако се знае дека третата позиција ќе носи и улога на носител на наредниот мундијалски бараж, доволна причина за македонските ракометари да останат максимално фокусирани и да го одиграат најдобриот меч на овој шампионат.

Фото: РФМ
Фото: РФМ
Фото: РФМ
Фото: РФМ