Хрватска и Белорусија победија во своите први натпревари на ЕП во ракомет, па победникот од нивниот дуел во Грац, автоматски беше фаворит за поминување во следната фаза, со освојување на првото место во групата А.

Хрватите досега на европските првенства имаат извојувано четири победи против денешниот противник.

Избраниците на Лино Червар го продолжија овој стопроцентен учинок и извојуваа победа од 31:23.

Победата на Хрватска никогаш не беше загрозена, на полувремето тие водеа 15:10, кон средината на второто полувреме остварија и двоцифрена разлика (24:14), за на крај конечниот резултат на семафорот изнесуваше 31:23.

Играч на натпреварот беше Игор Карачиќ, кој со 6 гола беше и најефикасниот хрватски репрезентативец.