Фото: Маја Јаневска-Илиева

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, според оцените на Европската ракометна федерација (ЕХФ), се најде меѓу најдобрите седум играчи по првите две квалификациски кола за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2020 година.

На двата меча од квалификациите против Турција и Грција, десниот репрезентативен бек Лазаров беше стрелец на 16 гола, односно по осум на двата меча.

Покрај капитенот Лазаров, во идеалниот тим по првите две кола се уште и голманот на Португалија, Алфредо Кинтана, левото крило на Чешка, Јакуб Хрстка (11 гола), левиот бек на Данска, Микел Хансен (12), централниот бек на Шведска, Енди Шмид (18), десното крило на Русија, Данил Шишкарев (15), и пикерот на Унгарија, Бенце Банхиди (11).