Фото: Принтскрин

Кошаркарот на Денвер нагетс, Србинот Никола Јокиќ, го смета својот сонародник Новак Ѓоковиќ за еден од најдобрите тенисери на светот.

Познатиот српски тенисер вчера го освои Ролан Гарос за да стигне до рекордниот 23-ти гранслем-трофеј, со што го престигна Рафаел Надал кој има 22.

– Немам зборови да го опишам. За него веќе се е кажано. Тој е мајстор на својот занает и веројатно еден од најголемите тенисери во историјата – рече Јокиќ.

До вреден трофеј вечер по полноќ може да дојде и Јокиќ. Неговиот тим Денвер нагетс со евентуална победа над Мајами хит ќе стане шампион на НБА-лигата.