Фото: пиксабеј

Врховниот монарх на Саудиска Арабија, Салман бин Абдулазиз, ја прогласи среда за национален празник и неработен ден поради триумфот над Аргентина на Светското првенство, пренесува Ројтерс.

Фудбалерите на Саудиска Арабија направија огромно изненадување со триумфот од 2-1 над двократниот светски првак Аргентина во првото коло од групата Ц на Светското првенство.

Кралот Салман даде директива сите вработени и во државниот и во приватниот сектор утре да имаат слободен ден за да ја прослават победата.

– Наредено е утре, среда, да биде празник за сите вработени во сите сектори од јавниот и приватниот сектор и студентите во сите образовни фази. Директивата е во согласност со она што неговото височество го предложи по повод победата на Репрезентацијата на Саудиска Арабија над селекцијата на Аргентина на Светското првенство – се вели во соопштението.

За Саудијците ова е втора победа во историјата на светските првенства, а по триумфот се пласираа на првото место во групата Ц.